ПОЧЕТНА
    ИЗБОРИ 2009
     Кандидатски листи
     Изборни активности
     Изборна програма
    АРХИВА 2008
    ОРГАНИЗАЦИЈА
     Претседател
     Подпретседатели
     Извршен одбор
     Централен одбор
     Општински одбори
     Генерален секретар
     Портпарол
     
    ПАРТИЈА
     Програма
     Статут
     Цели
     Симболи

    СООПШТЕНИЈА
     Прес
     Говори
     Соопштенија
     
    ГАЛЕРИИ
     Конгреси
     Митинзи
     
     
     
     
 ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА ПЕИ - СТАТУТ

Врз основа на член 20 од Уставот на Република Македонија и член 16 од Законот за политички партии,како и врз основа на Одлуката за формирање на политичка партија,Партијата за Европска I днина,на својот трет редовен конгрес одржан на ден 27 . 12 . 2008 година,го донесе следниот

С Т А Т У Т

НА ПАРТИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Партијата за Европска иднина е политичка партија,во која граѓаните се здружуваат слободно заради :

•  Ширење на политичките и економските слободи и права на граѓаните,

•  Ширење и заштита на политичките,економските,социјалните,и други права интереси и уверувања на своите членови,

•  Учество во постапката за избор на советници во Општините,избор на пратеници во Собранието на Република Македонија,и учество во постапката за избор на председател на државата,и

•  Освојување на власта.

Член 2

Името на Партијата е : ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА

Скратеното име на партијата е : ПЕИ

Седиштето на партијата е во Скопје на ул .” Dame Gruev ” , 3/2-4, 1000 Скопје.

Партијата има свој печат во кружна форма,во кој полукружно во горниот дел го пишува името на партијата,во средината е заштитниот знак на П a ртијата за Европска иднина,а полукружно долу пишува : Скопје.

Член 3

Партијата има свој заштитен знак,партиско знаме,свечена песна како и партиска легитимација.

Заштитниот знак на Партијата за Европска иднина стилизирана карта на Европа во кружна форма.

Партиското знаме е во правоаголна форма,со две бои - сина и зелена во светли нијанси , одделени со 14 жолти звезди распределени дијагонално , а во долниот дел на знамето е напишано името на Партијата за Европска иднина .

Свечената песна на партијата е обработена верзија на песната - Џева

Партиската легитимација го содржи заштитниот знак на партијата како и потребните податоци за членот што ја поседува и служи како документ со кој се докажува припадноста на партијата.

 



Целосна верзија PDF документ >
 
simboli
izbori