ПЕИ останува во владејачката коалиција
24.06.2008
Мандатарот Груевски со денешната средба со Цановски ја заврши првата рунда консултации за проширување на новото владино мнозинство.
Ја продолжуваме соработката, вели Цановски, посочувајќи дека во идните разговори ПЕИ може да се надева на уште неколку директорски места.
„Денес со премиерот, со идниот мандатар се договоривме дека остануваме и понатака во коалиција, како и претходно што бевме. Се договоривме дека сето тоа што досега сме го имале како партија, договорено од претходниот мандат, останува и уште неколку други партиски места понатака ќе ги договориме“, изјави Фијат Цановски, претседател на ПЕИ.
„Во главно, нашата програма е многу слична со програмата на ВМРО-ДПМНЕ и дел од нашата програма што не е опфатена, премиерот вети дека ќе биде прифатена за нашите региони, посебно каде што најмногу делува партијата, во југозападниот дел на Република Македонија, дека ќе се оствари тој дел од нашата програма“, додаде Цановски.
Се наметнавме со третманот на проблемите
30.05.2008
Задоволни сме што Партијата за европска иднина кај граѓаните се наметна со третманот на проблемите од реалниот живот, како економијата, здравството, земјоделието, образованието и се она што ги засега обичните луѓе, кои ПЕИ ја прифатија како партија за европска, но и за економска иднина
„Ние внесовме конкуренција целосна, а со тоа внесуваме конечно и квалитет во политиката“, рече Зоран Витанов, носител на листа во ИЕ 3 на ПЕИ.
„Сакам да упатам еден апел до сите граѓани на Република Македонија, на 1 јуни, први како почеток на нешто ново, да излезат и да гласаат слободно, по своја волја, да гласаат за себе, за своите семејства, за иднината на своите семејства, за иднината на Република Македонија“, изјави Есад Рахиќ, носител на листа во ИЕ 1 на ПЕИ.
Лидерот Фијат Цаноски уште еднаш потенцира дека ПЕИ е единствената партија во која членуваат и која ги застапува интересите на граѓаните од сите етнички заедници во земјава, чиј заеднички интерес е стабилна Македонија, економскиот развој, подобар живот и иднина, а не поделбата во црно-белите политички блокови.
„Без стабилна Република Македонија нема економски развој на нашата држава. Знаеме дека не влеговме во НАТО. Нашата партија има цели, има ставови за тоа влегување во НАТО, имаме лоби групи коишто ни помагаат токму од бизнисот, од политичарите надворешни, преку коишто можеме да лобираме и да придонесеме за влегување во НАТО“, вели Фијат Цаноски, претседател на ПЕИ.
„Спремни сме околу тоа да дискутираме со партнерите, т.е. со нашите соседи Грците како партија во власта и спремни сме на некој компромис којшто нема битно да го загрози идентитетот на Република Македонија“, додаде Цаноски.
Освен за нови вработувања и образование на младите, ПЕИ овојпат наместо за кампањата, одвои средства за хуманитарни цели и за помош на болните и лицата со хендикеп, како што е вечерашната забава во скопски „Колосеум“ за помош на малата Надица од Охрид.
Инаку, попладнево во Струшко пристигнаа повеќе автобуси со членови и симпатизери на ПЕИ, кои специјално за изборите дојдоа од западно-европските земји, каде живеат и работат.
Хуманитарна акицја на ПЕИ
29.05.2008
Партијата за европска иднина денес ги оствари ветувањата и средствата за изборните активности ги пренамени во хуманитарни цели.
ПЕИ инвестираше речиси 20.000 евра за целосно реновирање и опремување на Дневниот центар за лицата со оштетен вид, лоциран во Кисела Вода.
Утревечер ПЕИ организира хуманитарен концерт за шест месечната Благица од Охрид во скопската дискотека „Колосеум“, кадешто ќе настапат голем број од македонските ѕвезди.
„Ова место носи нова надеж кај слепите деца, нова иднина, каде овој Дневен центар ќе нуди едукација на компјутерскиот систем, кој што е во изработка од Универзитетот ФОН, потоа вештина на говорење, како и ориентација во макро и микро просторот. Тоа се вештини кои ќе можат да им помогнат на слепите деца да полесно се адаптираат и се социјализираат во нормалниот живот“, Суаред Алишан, здружение на деца со оштетен вид САМСОН.
„Нашата заедница, за жал, за многу групи на луѓе во Република Македонија не одвојува време и затоа сметам дека она што господинот Фијат Цановски, како претседател на фондацијата „ФОН“ и на партијата ПЕИ, го прави за сите овие луѓе во Република Македонија“, изјави Есад Рахиќ, носител на листа на ПЕИ во ИЕ 1.
Рахиќ ги обвини Грците за двојни стандарди
24.05.2008
Во Берлин на конференција на НАТО жесток вербален дуел на грчки пратеник со поранешниот парламентарец Есад Рахиќ.
Кандидатот на ПЕИ на учесниците им се обратил на македонски јазик, обвинувајќи ги Грците за двојни стандарди.
„Кажав дека проблемот со името, којшто беше единствен проблем, затоа што сите останати критериуми како држава ги исполнивме, никогаш не бил проблем кога треба да пратиме војска во Авганистан или на некое друго место и дека некоректно е дупли стандарди да владеат за едни држави“, рече Есад Рахиќ, ПЕИ.
„Грчкиот колега се обиде да каже дека треба покрај сите тие критериуми, некои други критериуми да се исполнат, политички критериуми, дека добрососедските односи треба да бидат многу битни, на што јас реплицирав. Го прашав што значат добрососедските односи, кога Република Македонија, се од нас што беше
Средствата од ПЕИ во хуманитарни цели
23.05.2008
Партијата за европска иднина ги откажува двата последни митинзи, едниот закажан за утре во Охрид, другиот за 29 мај во Скопје.
Средствата што биле издвоени за таа намена ќе бидат дадени во хуманитарни цели на училиштето за деца со посебни потреби „Златан Сремац“ и на Домот за деца без родители „11 Октомври“.
„Имавме неколку успешни митинзи, имавме стотици средби со граѓани, непосредни, со помали групи, со поголеми групи, поединечно, каде што разговаравме за сите проблеми што ги мачат граѓаните на Република Македонија и добивме уверување дека од нивна страна почнаа да препознаваат дека ќе го исклучат црно-белиот канал и дека ќе почнат да размислуваат и живеат во боја“, изјави Есад Рахиќ, носител на листа на ПЕИ во ИЕ 1.
„Сметаме дека граѓаните се преморени од оваа брза, интензивна кампања и дека е непотребно, и ние како политички партии, особено ние, бидејќи парите, за разлика од другите коишто користат државни пари, особено владејачката коалиција, ги трошиме од нашите џебови и сакаме да ги дадеме во нешто покоректно, поконкретно и похумано“, додаде Рахиќ.
Партијата за Европска иднина ПЕИ на парламентарните избори 2008 учествува со кандидатски листи во следните изборни единици:
Изборна единица бр.1 носител на листа: Есад Рахиќ бр.4
Изборна единица бр.2 носител на листа: Селадин Џафери бр.5
Изборна единица бр.4 носител на листа: Зоран Витанов бр.2
Изборна единица бр.5 носител на листа: Фијат Цаноски бр.6
Изборна единица бр.6 носител на листа: Решат Маловски бр.5