ПОЧЕТНА
    ИЗБОРИ 2009
     Кандидатски листи
     Изборни активности
     Изборна програма
    АРХИВА 2008
    ОРГАНИЗАЦИЈА
     Претседател
     Подпретседатели
     Извршен одбор
     Централен одбор
     Општински одбори
     Генерален секретар
     Портпарол
     
    ПАРТИЈА
     Програма
     Статут
     Цели
     Симболи

    СООПШТЕНИЈА
     Прес
     Говори
     Соопштенија
     
    ГАЛЕРИИ
     Конгреси
     Митинзи
     
     
     
     
 ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА ПЕИ - ПРЕС

Фијат Цаноски: Очекувам гласови и од Албанци и Македонци

26.03.2009, А1 ТВ.

Во вториот круг очекувам гласови и од етнички Албанци и од етнички Македонци, изјави синоќа во Струга еден од двајцата кандидати за градоначалник, Фијат Цаноски, додавајќи дека не припаѓа на ниту еден политички блок и дека на Струга и е потребен градоначалник со конкретна програма

Во вториот изборен круг Цановски се надева и на поголем број гласови од иселениците.

„Не треба да ја делиме Струга по етнички заедници во вториот круг. Јас и во првиот круг и во вториот исклучиво одам со мојата програма, која што е најбитна за општина Струга. Не е битно дали ќе биде Албанец, Македонец или Муслиман или Турчин било кој градоначалник, ако тој не знае да работи, нема програма и нема добра екипа“, изјави Цаноски.

ПЕИ во првиот круг од изборите истакна кандидати за градоначалници во пет општини. Во вториот круг ќе се бори за градоначалничкото место во Струга.

„Во 13 општини учествувавме со свои листи на советници, на кои исто така забележавме завидни резултати и освоивме повеќе советнички места во советите на овие општини“, изјави Мехмед Џемајлоски, генерален секретар на ПЕИ.

Кандидатот за градоначалник Цаноски констатираше дека воделе мирна, фер и коректна изборна кампања која резултираше со мирен изборен ден. Се надева дека така ќе помине и вториот изборен круг на 5 април.

Европската иднина не е црно-бел филм


Време, 30.05.2008

Ова се втори парламентарни избори на кои Фијат Цановски и неговата Партија за европска иднина настапуваат самостојно. На првите изненадија со тоа што влегоа во парламентот без голема кампања и публицитет. Сега најавуваат пратеничка група од минимум пет пратеници.

Не мислите ли дека тоа е преамбициозно, познавајќи ја нашата политичка сцена во која со години доминираат двата големи блока?

- Од прогласувањето на независноста, па се до денес, со Македонија владеат само две политички опции. На почетокот граѓаните сметаа дека со промени во власта, нивниот живот ќе се промени кон подобро. Но, што ни покажа искуството во овие 17 години? Дека без разлика која од овие две опции владее, освен во некои нијанси, се е исто. Што би рекол народот - како јајце на јајце се. Повеќето луѓе на избори веќе не гласаат за нешто подобро, туку одат со чувство да се избере помалото од две зла. Нам, на граѓаните, ни создадоа еден црно-бел свет од кој нема излез. Едно силно поларизирано општество со длабока поделба. Токму овие работи се нашиот мотив да понудиме нешто различно. Видете, ништо на овој свет не е само црно-бело. Благосостојбата, мирот главно се наоѓаат некаде на средина, а таму сме ние. Сакаме во македонскиот политички свет да внесеме малку боја. На граѓаните да им дадеме избор, да видат дека не е се или црно или бело. у Зборувате само за поделеноста во македонскиот политички блок.

Има ли вистина дека ваша целна група на овие избори се граѓаните со исламска вероисповед, пред се Македонци, Бошњаци, Роми и дека тоа е формулата за вашиот успех?

- Таа теза ни ја наметнуваат тие што сакаат црно-белата слика да остане замрзната во македонскиот политички пејзаж. Не е проблемот само во поделеноста во македонскиот политички блок на две страни. Досега, ниту една партија не може да се пофали дека успеала да ги обедини сите сфери на општеството. Ако го ставиме настрана црно-белиот свет, кој го создадоа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вие повторно се наоѓате во едно расцепено општество, но сега таа поделба е по етнички линии. Граѓаните се делат на Албанци и Македонци, и својствено на тоа, мотивот при заокружувањето некоја опција на гласачкото ливче оди по принципот - ќе гласам за своите, без разлика дали тие нудат нешто добро. Партијата за европска иднина е единствената партија што се постави наднационално, надрелигиски. Кај нас не е важно дали сте Албанец или Македонец, христијанин или муслиман. Во ПЕИ нема квоти за некого, позитивни или негативни. Сите се еднакви. Тоа им го нудиме и на граѓаните - поделбата мора да престане. Таа е контрапродуктивна.

Кои се приоритетните теми на кои ја фокусиравте својата кампања. Која е вашата клучна порака до граѓаните?

- Главниот приоритет ни е да ги заокружиме разликите меѓу граѓаните за да можеме да изградиме модерна европска држава, која ќе биде мултиетничка. Кај нас се обединети група интелектуалци и бизнисмени, граѓани кои секојдневно се соочуваат со проблеми и заедно направивме програма која нуди реален пристап во решавање на прашањата на граѓаните. Приоритет ни се реформите во образованието, каде што лично знам што се случува, и секако земјоделството. Програмата ќе го пробие патот до Европската унија, и тоа не само декларативно, како тоа го прават другите. Ќе се зафатиме со проблемите и ќе ги искорениме еден по еден. Луѓето во земјава се подготвени за напредок, проблемот до сега беше што политичките опции не беа.

Во изминативе две години ја поддржувавте владата на Никола Груевски. По овие избори со кого планирате да коалицирате?

- Без нас ќе нема нова влада. Ние сме подготвени да коалицираме и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, доколку се совпаѓаме со интересот за граѓаните. Во тоа сме уверени и тоа го потврдуваат резултатите и средбите што ги остваруваме со нашите истомисленици. Минатиот пат немавме време да ја промовираме нашата идеја, но денес таа лека-полека станува секојдневно присоединување на голем дел од граѓаните на земјава. Според тоа, постизборно би коалицирале со таа опција што ќе ја прифати нашата програма или барем е блиска до нашите цели и средства. Владата во која ќе бидат претставниците на ПЕИ ќе биде сервис на граѓаните, а не како досега - граѓаните да се сервис на владата. Нашата програма е составена од врвни интелектуалци, кои нивните искуства ги граделе врз блискоста на народот, ќе му обезбеди сосема поинакво политичко дејствување од досегашното. Инвеститорите можат да дојдат само ако изградиме правна и безбедна Македонија. Нудиме модерна европска држава и мултиетничност, мултикултурност, мултиконфесионалност.



Торбешите треба да влезат во Уставот


Утрински Весник 23.05.2008

Убедени сме дека на овие избори ќе освоиме од три до пет пратеници, вели лидерот на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски



Господине Цаноски, зошто Партијата за европска иднина (ПЕИ) реши да настапи самостојно на овие избори и да не биде дел од владината коалиција која досега ја поддржуваше?

ПЕИ како партија е блиска до народот и во изминативе години беше можеби единствена партија која комуницираше со своите гласачи за нивните секојдневни проблеми, за нивните потреби и за нивната иднина.Токму поради фактот што овие граѓани ни ја дадоа довербата и целосно ни веруваат, ние одлучивме да одиме на избори самостојно.

Кои беа мотивите како носители на листа да номинирате двајца пратеници што ги напуштија своите матични партии, Зоран Витанов и Есад Рахиќ?

Витанов и Рахиќ не ги напуштија партиите за да влезат во ПЕИ, бидејќи тие си заминаа од нивните матични партии уште пред неколку месеци. Едноставно, она што го работи ПЕИ им се допадна на овие двајца независни пратеници. Токму поради тие причини, тие влегоа во еден концепт кој на овие избори нема да бидат репер за успех или за неуспех, туку оваа млада партија ќе ја покаже вистинската сила во периодот што следува. Убеден сум дека на наредните избори, конечно, ќе се појави и трета опција во Македонија, а тоа ќе биде Партијата за европска иднина.

Во досегашниот политички ангажман постојано инсистирате на културолошка посебност на Торбешите, иако тие не се посебен ентитет во Уставот. Зошто Ви пречи употребата на терминот Македонци-Муслимани?

Јас многу пати околу ова прашање се изјаснував и пак ќе кажам дека сум Торбеш, бидејќи така се чувствувам не само јас, туку и оние што ми ја дадоа довербата да бидам нивен претставник во Собранието. ПЕИ е единствената партија која во изминативе две години работеше на терен, блиску до граѓаните. Токму ова прашање често го поставуваше народот од еден крај, каде што овој ентитет во изминативе две децении бил злоупотребуван од сите политички партии, единствено за да се добие нивниот глас, а потоа, биле заборавени. Нивните проблеми секогаш останувале нерешени. Поради тоа во овој дел од Македонија има празни куќи, бидејќи две третини од населението веќе е целосно преселено во Италија, Швајцарија и во други европски држави, а главната причина за тоа е статусот што им го дала оваа држава на овие луѓе.

На овој народ му треба помош, а ПЕИ ќе се потруди да ги врати овие луѓе назад во Македонија и да им овозможи поубав и подостоинствен живот. Тоа ќе го направиме со влегување на Торбешите во Уставот и со целосна рамноправност со сите други ентитети.

Во оваа изборна кампања ПЕИ е единствена партија надвор од двете големи коалиции што успева да обезбеди простор за рекламирање, што во голема мера се должи на фактот што важите за еден од најбогатите Македонци. Како го стекнавте богатството?

Мислам дека ова прашање е надвор од концептот за изборите, но би Ви одговорил со задоволство:со макотрпна работа до крајот на 90- тите во Хрватска со татко ми, а потоа во Македонија со повеќе бизниси, за кои редовно плаќам данок и каде што важам за еден од најпринципиелните во тој дел во Македонија.

Какви се Вашите прогнози за исходот од изборите и какви се шансите ПЕИ да го повтори успехот од 2006 година, па дури и да освои повеќе од еден пратенички мандат?

Она што ПЕИ го работи и што го има зацртано како стратегија, ќе ги даде вистинските резултати за четири до пет години. Но, од досегашните наши анкети, а и од работата на терен, убедени сме дека на овие избори со сигурност ќе освоиме од 3 до 5 пратеници. Тоа се должи токму на нашата блискост со граѓаните, како и довербата што ја стекнавме кај народот. Појасна слика може да се добие и на нашите преполни митинзи.

 
simboli
izbori