ПОЧЕТНА
    ИЗБОРИ 2009
     Кандидатски листи 2009
     Изборни активности 2009
     Митинзи 2009
    ИЗБОРИ 2008
    ОРГАНИЗАЦИЈА
     Претседател
     Подпретседатели
     Извршен одбор
     Централен одбор
     Општински одбори
     Генерален секретар
     Портпарол
     
    ПАРТИЈА
     Програма
     Статут
     Цели
     Симболи

    СООПШТЕНИЈА
     Прес
     Говори
     Соопштенија
     
    ГАЛЕРИИ
     Конгреси
     Митинзи
     
     
     
     
     
 ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА ПЕИ -МИТИНЗИ

 

Потребна е добра економска програма за Македонија

Кавадарци,29.05.2008

На Македонската економија не и требаат лажни ветувања и кампањи, потребна и е департизација и добра економска програма, порача од митингот во Кавадарци Зоран Витанов, носител на листата на ПЕИ во четвртата изборна единица

„Пет милијарди и 200 милиона евра е вкупниот нов производ во државата годишно, бруто домашниот производ. Од тие пет милијарди и 200 милиона евра, дури две милијарди и 200 милиона евра државата ги зема за себе и се рекламира со милиони евра и сугерира трошоци дури 90% за потрошувачка, одвојува само 5% за инвестиции, а ни една петтина не одвојува за капитални инвестиции“, рече Зоран Витанов, носител на листа на ПЕИ во четврта изборна единица.

Без добри економски закони, без странски инвестиции, со поставување на луѓе блиски до владејачката партија на клучните места во македонската економија, државата и понатаму ќе си остане на дното од Европа, порача Витанов.

„Стопанствениците наместо да ги бркаат банкарите ги бркаат политичарите, затоа додека сите влади во светот си имаат своја економија, кај нас економијата во Македонија економијата си има своја Влада“, вели Витанов.

Не може македонскиот земјоделец да оди напред ако нафтата што ја става во тракторот за да ги изора нивите му се смета за луксуз, а државата му наплатува и данок и акциза, рече Витанов пред кавадарчани.

„Од 74 денара нафта, литар, еден единствен литар нафта, дури 33 денара ви земаат во буџетот и велат, е сега бидејќи им земавме на земјоделците 33 денари по литар, еве им по два денари. Ви земаат слон, а ви даваат мравка и плус трошат уште како два слона да рекламираат дека ви даваат мравка“ додаде Зоран Витанов.

На митингот говореше и Тони Ристовски кандидатот за пратеник на листата на ПЕИ од Кавадарци.

А од овој митинг од ПЕИ уште еднаш порачаа дека на Македонија и треба нова опција, надвор од црно-белиот свет на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ако сака да оди во чекор со Европа.



Партијата за европска иднина синоќа на митингот во центарот на Дебар, жителите од овој крај ги повика на први јуни да излезат масовно и достоинствено на изборите и гласот да го дадат за „својот човек и сограѓанин“, кој единствено може да помогне за развојот на „својот крај“.

Дебар, 25.05.2008

Лидерот на ПЕИ Фијат Цаноски на „црно белите партии“ им порача дека не им се потребни и ги повика да ги остават овој регион сами да си ги решаваат проблемите, зошто според него иднината на дебарско-реканскиот регион е во ПЕИ.

„Ние нема драги пријатели да дозволиме она што се случуваше во 50-ите и 60-ите години, кога од овие региони стотици и стотици илјади луѓе беа насилно истерани, а сега во овие 17 години, овие црно-бели партии повторно насилно истераа преку 60% од заедништвото на овие региони“, вели Фијат Цановски, претседател на ПЕИ.



Нема да го дадеме срцето на Македонија

Кичево, 20.05.2008

Со мултиетнички декор и европски признаци и бои, голем број на Македонци, Турци, Албанци, Роми и припадници на други етнички заедници синоќа го наполнија градскиот плоштад на Кичево за да присуствуваат на митингот на Партијата за европска иднина, како препознатлива и за нив прифатлива изборна платформа.

„Сите овие заедници, почитувани пријатели, и во ова Кичево и во југозападниот дел на Република Македонија и во цела Македонија со векови живееле заедно. Ние сме мултиетничка партија и ние ќе обезбедиме и понатаму уште многу векови младите да се дружат меѓу себе, да работат и да живеат во овие редови“, рече Фијат Цановски, претседател на ПЕИ.

Бурно поздравен и дочекан со овации од своите истомисленици и симпатизери, кои внесоа многу емоции на овој митинг, лидерот Фијат Цановски рече дека Партијата за европска иднина ќе настојува да се најде компромис за отворање на патиштата што водат до НАТО и ЕУ, но не по секоја цена.

„Ние како партија ќе се залагаме да најдеме компромис за решавање на името со Република Грција, но нема да го дадеме најсветлото, нема да го дадеме срцето на Република Македонија“, истакна Цановски.

На митингот беше речено дека Партијата за европска иднина е против политички вработувања во јавната администрација, која во моментов брои околу 130.000 вработени и дека тоа е балон што еден ден ќе пукне.

Затоа, мора првенствено да се решаваат внатрешните проблеми и треба да се направи ревизија на приватизацијата, поради која армија на граѓани останаа без работа, а на младите да им се понуди квалитетно образование и работа, наспроти црно-белите понуди на големите партии

Максимално искористување на природните потенцијали, директни странски инвестиции, нови вработувања и развој на руралните подрачја. Ова се приоритетите на Партијата за европска иднина во петтата изборна единица

19.05.2008
Пласница
Гевгелија

На митингот што синоќа се одржа во Пласница лидерот Фијат Цановски ја побара поддршката на граѓаните бидејќи, како што рече, ПЕИ е единствената опција која нуди излез од црно-белиот свет.

„Од нас ќе зависи формирање на оваа нова влада, затоа што мораме да имаме барем пет пратеника, а без пет пратеника нема да има влада без Партијата за европска иднина“, рече Фијат Цановски, претседател на ПЕИ.

„Зарем може човек сам себе да се лаже? Доколку би ве излажал вас, ќе се излажеме самите себе. Никогаш нема да ве излажеме“, додаде Цаноски.

ПЕИ синоќа митинг одржа и во Гевгелија. После 18 години политички порази, ние сме доказ дека конечно политиката во Република Македонија созреа и стана полнолетна, рече Зоран Витанов, носител на листата во четвртата изборна единица.

„Со овие избори и со опцијата за европска иднина покажуваме дека во Република Македонија народот не само што созреа туку народот се одважи без автобуси да се собере во Гевгелија и да кажат „не“ на црно-белиот свет“, изјави Зоран Витанов, носител на листа во ИЕ 4.

ПЕИ, како трета политичка опција, најавува дека ќе ја продолжи позитивната кампања и апелира за исклучување на насилството во предизборието.



Да им кажеме „не“ на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, затоа што Република Македонија заслужува нова опција, која ќе им каже „не“ на партиските војници, „не“ на трошењето милионски суми пари за партиски кампањи, која нема да манипулира со името и идентитетот на македонскиот народ, опција која економски ќе ја внесе Република Македонија во Европа

Радовиш, 19.05.2008

„Не може земјоделецот којшто става гориво во трактор, за да оди да ора, да плаќа иста цена со скопјанецот којшто става гориво во колата да оди на Халкидики. Вакво нешто е недозволиво“, изјави Зоран Витанов, носител на листа на ПЕИ во ИЕ 4. „Да не не праќа да се возиме во автобуси, бидејќи земјоделецот не бара намалување на горивото за да се вози. Тој бара намалување на горивото за да ора по нивите, за да создава нова вредност“, вели Витанов.

Од ПЕИ порачаа, ова е последната шанса Македонија да излезе од црно-белиот свет, а граѓаните конечно да одлучат за сопствената, а не за иднината на Груевски и Шеќеринска.

„Да си одат тие веќе дома, да не не мачат секојдневно, да не оставаат ваква сиромаштија. Да ја подобриме економската состојба, да ја градиме Македонија сите заедно, европска Македонија“, рече Осман Вејселовски, кандидат за пратеник од ПЕИ.

На митингот во Радовиш Зоран Витанов најави и либерализација во увозот на странски половни автомобили, бидејќи огромни средства се влевале во Бугарија, а голем број Македонци заради тоа ваделе бугарски пасоши.

Митинг на ПЕИ во реканскиот крај

Ростуше, 18.05.2008

Партијата за европска иднина вчера го посети реканскиот крај и одржа митинг во Ростуше. Претседателот на ПЕИ Фијат Цаноски, истакна дека тие се повторно во реканскиот крај, местото од кадешто пред две години, партијата го започна својот изборен караван со кој за прв пат граѓаните кои гласаа за новата политичка партија добија свој пратеник.

Решат Маловски кој е носител на листа во шестата изборна единица ги потенцираше заложбите и успесите, на партијата во изминатите две години. Меѓудругото тој истакна дека досега е целосно изграден патот Жировничко анче – Бошков мост, канализациона и водоводна мрежа во околните села како и пет реализирани проекти во Центар Жупа.

Фијат Цаноски ги истакна заложбите на партијата за создавање на армија на млади и образовани луѓе кои своето знаење ќе го инвестираат во иднината и развојот на општините од овој крај. Дополнително беше истакната и заложбата на ПЕИ за враќање на печалбарите од овој крај и стимулација за вложување на странскиот капитал во развојни компоненти. Цаноски во својот говор ја потенцираше и потребата од групирање на гласачкото тело околу новата опција која ги крши црно-белите стереотипи на домашната политичка сцена.

Следниот митинг на ПЕИ е закажан во с.Пласница на 19 мај.

Да кажеме стоп на црно-белиот свет на двете најголеми партии во кој досега живеевме и конечно на 1 јуни да ја земеме судбината во свои раце

Долнени, 17.мај 2008

Главната цел на партијата е да се стопира печалбарството во Македонија и македонските бизнисмени од странство да се вратат назад инвестирајќи го својот капитал тука.

ПЕИ е составена, пред се, од луѓе кои не се влезени во политиката од лични интереси, туку целта на партијата е помагање на народот.

„Сите што влегуваме, почнувајќи од мене како претседател на партијата, не ги сакаме и не ги бараме личните интереси. На господинот Фијат Цаноски не му треба политика, не му требаат пари и не може никој да ме купи и да ме плати“, рече Фијат Цаноски, претседател на ПЕИ.

„Не сум корумпиран и никогаш во животот нема да бидам. Оваа партија во последните три години преку разни стипендии, донации, невладини организации обезбеди средства за високо образование во износ од милион и 200 илјади евра“, додаде Цаноски. Од ПЕИ истакнаа дека акцентот ќе го стават на македонскиот влез во НАТО, затоа што без членство во Алијансата странските инвеститори се плашат да влезат во Македонија.

„Нашите критериуми се одговорност, водење бизнис на цврсти основи, ефикасност и отчетност“, изјави Сами Ќерими, носител на листа во изборна единица 5.

Лидерот Цаноски уште еднаш им порача на поголемите партии дека овојпат со моќта што моментално ја поседува ПЕИ, без неа нема да можат да формираат влада.

На избориве ќе формираме парламентарна група

Струга, 16.мај 2008

Под ова мото, синоќа во Струга партијата За европска иднина. Во градот каде пред две години ја поттикна иницијативата за формирање на оваа партија го одржа првиот голем митинг во изборната кампања за парламентарните избори 2008.

Од ПЕИ најавија дека ќе направат ревизија на Законот за територијална организација и ветија дека Лабуништа повторно ќе биде општина, а животот од западноевропските држави, каде што се иселува народот од земјава, дека ќе го донесат во Македонија.

„Ние ќе ја внесеме Македонија во Европа. Не ни треба ничија помош затоа што ние знаеме, умееме, можеме и сакаме. Ќе ја вратиме стабилноста и безбедноста на Република Македонија, затоа што таа е гарант за инвестиции, таа е гарант за нашите животи, за животите на нашите деца“, вели Есад Рахиќ, носител на листа во ИЕ 1.

Струга ќе ја развиеме во туристички центар и вистински универзитетски град, а во регионот ќе донесеме странски инвестиции, порачаа од ПЕИ, ветувајќи дека наспроти сивилото и сиромаштијата кои не донесоа на самото дно, тие сите бисери на Македонија ќе ги внесат во Европа.

Фијат Цаноски

„Зошто не се приклучивте во тие два блока во Република Македонија, во црно-белите блокови. Не господа! На Македонија и треба нешто ново, на Македонија и треба да размислува поинаку, да размислува во боја и не сакаме другите да ни командуваат. Сакаме да извадиме пратеници токму со овие гласови, со наши гласачи“, рече Фијат Цаноски, претседател на ПЕИ.

Лидерот на ПЕИ Фијат Цаноски во Струга порача по изненадувањето од минатите избори кога ПЕИ влезе во Парламентот со еден пратеник, на овие избори ќе формираат парламентарна група во Собранието што нема да работи за лични интереси, туку за доброто на граѓаните од сите етнички заедници во државава

 



 
simboli
izbori