ПОЧЕТНА
    ИЗБОРИ 2009
     Кандидатски листи
     Изборни активности
     Изборна програма
    АРХИВА 2008
    ОРГАНИЗАЦИЈА
     Претседател
     Подпретседатели
     Извршен одбор
     Централен одбор
     Општински одбори
     Генерален секретар
     Портпарол
     
    ПАРТИЈА
     Програма
     Статут
     Цели
     Симболи

    СООПШТЕНИЈА
     Прес
     Говори
     Соопштенија
     
    ГАЛЕРИИ
     Конгреси
     Митинзи
     
     
     
     
 ПАРТИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА ПЕИ - КОЛУМНИ

Вистински одоговор на  бипартизмот

Фијат Цаноски, колумна во Шпиц, 14.05.2008

Борбата против сивилото на бипартизмот кај нас е стара колку што е стара независна и политичку плурална Македонија. Резултатите на изборите во овие две децении повеќепартизам јасно покажуваат дека луѓето во Македонија сакаат да изберат трета алтернативна политичка опција , колоритна политичка патека наместо црната и белата траса што ги нудат реформираните комунисти и реформираните националисти.
Не зборувам напразно туку со факти. Да се потсетиме. Многу брзо по реформирањето на демократите на Петар Гошев тие постигнаа извонредни резултати на локалните избори во 1996 година (катастрофалните избори во 1994 година ниту еден сериозен аналитичар не ги зема за репер). Но Гошев и неговите наследници беа опседнати со потребата што побрзо да дојдат на власт, па се споија со либералите, се прекрстија, пактираа со ВМРО-ДПМНЕ и на крајот завршија како приврзок на СДСМ.
Нова голема надеж на македонската политичка сцена понуди Васил Тупурковски. Не е тајна дека Тупурковски на изборите во 1998 година ги „собра” гласовите на избирачите разочарани од четиригодишното апсолутистичко владеење на СДСМ на Црвенковски и пактирајќи со Љубчо Георгиевски, на ВМРО-ДПМНЕ на тацна му ја донесе првата гоема изборна победа. И на Тупурковски власта му беше поважна се, па доживеа да биде буквално ампутиран од владејачката коалиција.
Овие два примери од нашата понова политичка историја јансо покажуваат дека главниот проблем на партиите што се конституираат во празниот простор меѓу двата големи блока е огромната „гравитациона” моќ на големите партии, на која луѓето кои во политичкиот влегуваат со единствена цел што побрзо да стасаат до моќ и до пари едноставно не можат да одолеат. Затоа досега не успеа ниту една иницијатива помалите партии да се обединат во трет блок, кој убеден сум би можел сериозно да го предизвика бипартизмот. А да биде уште полошо, на моќта и на лажните ветувања на големите партии потклекнуваат и партиите на помалите етнички заедници, кои буквално ги продаваат гласовите на своите избирачи за да добијат неколку бенди фотелји во државната администрација за своите лидери (најсвеж пример е обидот за сраман размена на гласовите на Ромите за местото директор на некаква си агенција за спасување, за еден од нивните меркантилни лидери).
Ние во ПЕИ сме одговорни луѓе, кои политиката ја разбираат поинаку. Ние не тргувцаме со гласовите на нашите потенцијални избирачи. Нашите гласови не им припаѓаат на белите и на црните,. Нашите избирачи веруваат во единствена Македонија, а не во Македонија поделена на етнички заедници, со истргувано достоинство. Жал ни е, секако што помалите партии на овие избори решија да бидат приврзоци на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Но, како што вели една поговорка, за ланскиот снег не се плаче. Ние не сме спринтери, туку тркачи на долги патеки. Нашата потреба да се конституираме како вистинска политичка аллтернатива, како вистински и силен одговор на бипартизмот е долгорочна, но возбудлива задача. Одиме амбициозно на овие избори, но истовремено мислиме и на годините пред нас. Убедени сме дека од ден на ден, од месец во месец, од година во година бројот на луѓето што ќе ни се придружат ќе биде се поголем и поголем.



 
simboli
izbori