ФИАТ ЦАНОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕИ
Без нас ќе нема влада
16.05.2008, денвен весник Шпиц
-Владата во која ќе бидат претставниците на ПЕИ ќе биде сервис на граѓа- ните, а не како досега граѓаните - сервис на владата.
Главниот приоритет ни е да ги заокружиме разликите меѓу граѓаните за да можеме да изградиме модерна европска држава која ќе биде мултиетничка. Постизборно би коалицирале со таа опција што ќе ја прифати нашата програма, најавува претседателот на оваа партија која по засилувањето со независните пратеници и спојувањето со Партијата за економска обнова (ПЕО) најавува сериозно политичко влијание.
-Што ќе понуди партијата за европска иднина (ПЕИ) порзлично од две- те најголеми коалиции?
-Ќе понудиме реален пристап во решавањето на секојдневните проблеми на граѓаните. Владата во која ќе бидат претставниците на ПЕИ ќе биде сервис на граѓаните, а не како досега граѓаните-сервис на владата. Нашата програма е составена од страна на врвни интелектуалци кои нивните искуства ги граделе врз врз блискоста со народот, ќе му обезбеди сосема поинакво политичко дејствување од досегашното. Инвеститорите можат да дојдат само ако изградиме правна и безбедна Македонија. Нудиме модерна европска држава и мултиетничност, мултикултурност, мултиконфесионалност,. Сакаме да ги заокружиме разликите меѓу граѓаните.
-Како се случи независните пратеници Есад Рахиќ и Зоран Витанов да бидат едни од главните адути на ПЕИ ?
-Двегодишното искуство во парламентот и соработката со г-дин Рахиќ и г-дин Витанов ме увери дека станува збор за сериозни и квалитетни луѓе, кои имаат јасна визија за она што го работат. Речиси во се и она што го работи ПЕИ се совпаѓа со ставовите на, слободно да кажам, моите пријатели Еско и Зоки и затоа се наши членови.
-Со која политичка опција ПЕИ би можела да коалицира постизборно?
-Без нас ќе нема нова влада. Ние сме подготвени да коалицираме и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ доколку се соввпаѓаме со интересот за граѓаните. Во тоа сме уверени и тоа го потврдуваат резултатите и средбите што ги остваруваме со нашите истомисленици. Минатиот пат немавме време да ја промовираме нашата идеја, но денес таа лека-полека станува секојдневно присоединување на голем дел од граѓаните на земјава.
-Вооружените инциденти зачестија. Каква е вашата оцена за одговорноста на учесниците?
Мислам дека по првите инциденти состојбите полека се смируваат и дека лидерите на политичките партии ќе сфатат дека вавко однесување ни оди на штета на сите нас. По мене политчките елити се најодоговрни за се што се случува, од нивната одговорност ќе зависат и оцените за мирни, фер и за демократски избори. Убеден сум дека на крајот, без разлика на досегашните случувања кои за жал се лоши за имиџот на Македонија, на крај ќе триумфира демократијата во сите делови на државата.
.