ПРОГРАМА НА ПАРТИЈАТА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА
РАЗМИСЛУВАЈ ВО БОЈА !
Партијата за европска иднина веќе се афирмира како составен дел на политичкопартиската мапа на македонското општество. Во минатиот мандат таа имаше свои претставници во Парламентот и во државносоцијалните
структури на Македонија. Поаѓајќи од своите успешни ангажмани во минатиот изборен мандат, Партијата за европска иднина и во овој изборен циклус со полно право повторно се јавува пред македонските гласачи со амбиција да продолжи да работи на големиот историски проект за силна и европски ориентирана
македонска држава.
Партијата за европска иднина настана како резултат на сложените социјални околности и процеси низ кои подолго време минува Република Македонија. Прогласувањето на независноста на државата и нејзиното внесување во списокот на членки на Организацијата на обединетите нации не беше завршен чин на патот на афирмацијата на Македонија во светски рамки. Напротив, сите овие дејствија беа само почеток во долгиот и сложен процес на етаблирање и стабилизирање на новата членка на ООН.
Сфаќајќи ја специфичната тежина на историскиот момент во опстојувањето на
македонската држава, Партијата за европска иднина се определи да го даде својот придонес во дефинирањето на цивилизацискиот профил на Република Македонија. Во тој профил оваа партија сака да ги вгради сите неопходни стандарди преку чие осуштествување Републикава ќе се вброи во кругот на европските народи. Партијата за европска иднина се залага во македонската практика целосно да се остварат принципите врз кои почиваат современите демократски општества во светот: пазарна економија; плурална парламентарна демократија; корпусот на човековите права и слободи; слободен проток на луѓе, идеи, капитал и стоки; внесување на Република Македонија во Евроатлантските структури; висок животен стандард на граѓаните; модернизирано земјоделие;
информатичка технологија; висок степен на образовна структура на населението итн.
Македонското општество според својата дефиниција и структура е мултиетничко и мултикултурно општество. Анализите покажуваат дека на овој план Македонија спаѓа во врвот на државите во светот со вакви специфики. Ваквото сознание упатува на потребата од изнаоѓање на најсоодветни социјалнополитички
инструменти со кои ќе се управува ваквата етничкокултурна сложена социјална структура и ќе се обезбеди мирен, храмоничен и стабилен развој на Македонија. Во оваа насока, Партијата за европска иднина во својата програмска определба и во своето партиско структуирање и практично дејствување се базира врз овие специфики. Оваа партија се конституира и дејству ва како мултиетничка и мултикултурна партија. Во своите политичкопартиски заложби оваа партија претпоставува членство од сите етнички групи и културни системи на 3
македонското општество, без оглед на било какви специфики (расна, национална, верска, полова и друга припадност на граѓаните).